Најдобрата тенисерка во светот, Ига Швјонтек стигна до нова титула во кариерата откако денеска славеше на ВТА мастерсот кој се игра во италијанскиот главен град Рим.
Швјонтек во големото финале славеше против во моментов нејзината најголема ривалка Белорусинката Арина Сабаленка и тоа со убедливи 2-0, по сетови 6-2 и 6-3.
Првиот сет Полјачката го освои фуриозно за само 37 минути игра, додека иако во вториот сет Сабаленка пружи поголем отпор сепак на крајот тоа не беше доволно за ништо повеќе од чесен пораз. И двете тенисерки сега патуваат за Париз, каде во недела ќе почне вториот гранд-слем во сезоната Ролан Гарос на кој повторно ќе бидат најголеми фаворитки да се сретнат во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

