Министерството за внатрешни работи објави дека уапсило четири лица, осомничени дека го каменувале автобусот со кој навивачите на Пелистер, „Чкембари“ се враќале од Скопје кон Битола, по натпреварот од плеј-офот помеѓу МЗТ и Пелистер, кој се играше во салата „Јане Сандански“ во населбата Аеродром.
На излез од Скопје, автобусот бил каменуван, при што биле нанесени повреди на неколкумина патници. Веднаш била повикана полиција, која реагирала и уапсила четири лица.
„На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во известувањето од МВР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА