Спектакуларен дочек на автобусот на Ливерпул на последниот меч на Клоп (ВИДЕО)

И покрај тоа што Ливерпул повеќе не е во игра за титулата, и за неа од 17 часот ќе се борат екипите на Арсенал и на Манчестер Сити, фановите на Ливерпул му организираа специјален дочек на Јирген Клоп, на неговиот последен натпревар како предводник на „црвените“.

Илјадници луѓе се собраа и ги дочекаа двата автобуси на Ливерпул на пат кон Енфилд, каде денеска тимот на Клоп ќе го дочека Вулверхемптон во последното коло од Премиерлигата.

Ова ќе биде и официјално збогување со Клоп, тренерот кој по три децении ја врати титулата на Енфилд, а со тимот ги освои сите можни трофеи.

Се вчитува...