Со денешниот пораз од Башкими со 1-0, екипата на Тетекс испадна од второлигашката конкуренција на Македонија, и заедно со Караорман во идната сезона ќе играат во Третата лига. На Тетекс му требаше победа денеска, но не успеа да ја оствари, па така го зазеде претпоследното место, и се сели во ранг подолу. Лани Тетекс опстана преку баражот.
Сега таму ќе игра прилепска Победа. Минатосезонскиот прволигаш се доведе во ситуација да игра во бараж за опстанок во Втората лига. Од испаѓање се спасија Каменица Саса која триумфираше против Вардар Неготино со 5-3, но и Осогово кој го совлада Пелистер со 3-0. Победа, пак, загуби од Беса на домашен терен со убедливи 1-5, но благодарение на поразот на Тетекс, успеа да се избори за бараж.
Од претходно беше јасно дека Беса и Пелистер се нови прволигаши, а Детонит Плачковица од Радовиш ќе игра бараж против Вардар.
РЕЗУЛТАТИ, 30. КОЛО
БАШКИМИ – ТЕТЕКС 1-0
БЕЛАСИЦА – АРСИМИ 2-1
ДЕТОНИТ – КАРАОРМАН 2-0
КАМЕНИЦА САСА – ВАРДАР Н. 5-3
НОВАЦИ – СКОПЈЕ 2-1
ОХРИД – КОЖУФ 2-0
ОСОГОВО – ПЕЛИСТЕР 3-0
ПОБЕДА – БЕСА 1-5
Еве како изгледа конечната табела:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА