Зверев победник на Мастерсот во Рим

Германскиот тенисер Александар Зверев е победник на овогодинешното издание на Мастерсот во Рим. Тој во финалето беше подобар од чилеанскиот тенисер Николас Џари со 2-0.

Зверев го доби првиот сет со 6-4, откако Џари во последниот гем го загуби сервисот. Далеку понеизвесно беше во вториот сет кој Германецот го доби со 7-5, исто така со загубен сервис во последниот гем на Чиланецот, во миговите кога требаше да се врати и да израмни на 6-6.

Се вчитува...