Пешевски: Нашите црни дупки го одлучија победникот, мораме брзо да се ресетираме бидејќи имаме уште два меча во лигата

Алкалоид е освојувач на Купот на Македонија откако во супердраматично финале славеше над Е. Пелистер , и тоа по пенал-рулет. Тимот на Кире Лазаров маестрално го одигра овој фајналфор турнир, па по триумфот над Вардар во полуфиналето денеска го зеде скалпот и на битолчани, кои се надеваа дека по 19 години ќе стигнат до куп-трофеј, но овој пост дефинитивно ќе продолжи уште најмалку една година.

Пикерот на битолчани, Жарко Пешевски по мечот изјави дека црните дупки на неговиот тим го одлучиле победникот.

„Честитки до противникот најпрво кој одигра над своите можности. Ние денеска бевме поискусен тим, но тоа не го покажавме на теренот. Отворивме катастрофално и тоа беше клучот за денешниот пораз. Едноставно нашите црни дупки пресудија, а влечот влезе во тесна завршница во која на крајот тие беа подобри. Имаме уште два натпревари каде што мораме со чисти глави да влеземе бидејќи влогот е голем и заслужуваме да освоиме трофеј во домашниот шампионат и дека ќе ја исполниме примарната цел оваа сезона“, изјави Пешевски. 

Се вчитува...