Ден за уживање во Кочани: Осогово останува второлигаш со силни амбиции за новата сезона (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вистински ден за уживање во Кочани… Во извонреден амбиент на стадионот „Никола Мантов“, Осогово со убедлива победа од 3-0 против новиот прволигаш Пелистер го обезбеди опстанокот во второлигашкото друштво. Тоше Манов со два гола и Екрем Мемеди ја донесоа победата за „осоговци“.

Сето тоа на радост на искрените фудбалски вљубеници од Кочани кои силно посакуваат клубот да се врати на старите добри препознатливи години од пред повеќе од една декада.

Од клубот најавуваат далеку повисоки амбиции за следната сезона и конечно битка за горниот дел од табелата со можност за активна игра и влез во елитното друштво…

 

 

 

Се вчитува...