Алкалоид испиша историја откако во втората суперлигашка сезона амбициозниот проект успеа да стигне и до првиот значаен трофеј – оној во Купот на Македонија.
На патот до него елиминирани беа вечните ривали Вардар и Е. Пелистер, за апсолутно заслужено славје на Кире Лазаров по неговиот прв пехар како тренер и на голем дел од овие млади ракометари кои одговорија на предизвикот со два тешки триумфа во исклучително неизвесни завршници.
Битолчани дојдоа како фаворити во Скопје со надеж за прв куп-трофеј по пауза од 19 години, за момент во вториот дел имаа три гола предност и се чинеше дека патот до пехарот им е трасиран. Сепак, „пулените“ на Ангеловски потфрлија во клучните моменти, Пешевски и Кузмановски не добија помош од соиграчите во нападот, а во пенал-рулетот среќата беше на страната на скопскиот клуб.
Иван Галевски апсолутно заслужено ја доби наградата за најдобар голман на овој завршен турнир, Радивојевиќ од Е. Пелистер го доби признанието за најдобар стрелец, додека Филип Кузмановски беше избран за МВП на овој фајналфор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА