Екипата на Беса со денешната победа во Прилеп над Победа со 1-5, во голем стил го финишираше македонскиот шампионат во Втората лига, и така од следната сезона за првпат ќе игра во „елитата“.
БЕСА уште претходно го обезбеди шампионскиот пиедестал, но прославата ја имаше денеска на гостински терен.
Избраниците на Александар Таневски беа најдобри во сезоната што заврши денеска, и заедно со Пелистер ќе играат во Првата лига, на местата на Брегалница и на Македонија ЃП кои се селат ранг подолу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА