Инфаркт завршница на сезоната во Франција, со „хепиенд“ за Брест, екипа која за првпат ќе игра во Лигата на шампионите во својата историја. Брест ја совлада екипата на Тулуз на гости со 0-3, и требаше само да чека „кикс“ на Лил.
Лил, пак, имаше предност во дуелот со Ница од 2-1, меѓутоа во финишот од средбата Лотомба успеа да израмни, и така да му направи услуга на тимот на Брест.
Сега во ЛШ идната сезона одат ПСЖ, Монако и Брест, додека Лил ќе мора да брка место преку квалификациите. Во Лигата на Европа оди Ница, додека Лион кој се бореше за опстанок, успеа да дојде до Европа, и да се пласира во Лигата на Конференции. Лион во 90. минута обезбеди место во Европа, со победата над Стразбур откако од пенал реализираше Лаказет. Лион може и директно во Лигата на Европа, ако го освои Купот во финалето со ПСЖ.
Од лигата испаднаа Клермон и Лориен, додека Мец ќе игра дополнителен бараж за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА