Денвер Нагетс нема да го одбранат трофејот во НБА лигата откако со пораз од 90-98 во седмиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција против Минесота претрпеа елиминација.
На отварањето на второто полувреме Денвер имаше предност од 20 поени (58-38), но Минесота брзо ја анулираше негативата. Веќе до крајот на третата четвртина предноста на домашниот тим се намали на само еден поен (67-66), за во последната четвртина гостите целосно да ја превземат резултатската контрола.
Мареј со 35 поени беше поентерски лидер на Денвер, а него го следеше Јокиќ со 34 поени, 19 скокови и 7 асистенции. Кај Минесота се истакнаа МекДениелс со 23 поени и 6 скокови и Таунс со 23 поени и 12 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА