Лапорта по натпреварот на Барселона заврши во болница

Барселона со победа од 3-0 над Рајо Валекано ја потврди втората позиција на табелата пред крајот на сезоната во шпанското првенство. До триумф каталонскиот тим го предводеа Роберт Левандовски и Педри кој два пати ја тресеше мрежата.

По натпреварот требало да се одржи состанок помеѓу претседателот на клубот, Жоан Лапорта и тренерот Чави по кој требала да биде и позната иднината на легендата на Барселона на „жешкото столче“, но до подолг разговор не дошло, откриваат шпанските медиуми.

Причина за тоа е влошената здравствена состојба на Лапорта кој морал да го напушти стадионот и да замине во болница. Неговата состојба засега останува непозната.

Се вчитува...