Лојалноста на прво место: Модриќ ги „откачи“ богатите понуди од Саудиска Арабија и САД за Реал Мадрид

Договорот на хрватскиот репрезентатиец Лука Модриќ со Реал Мадрид завршува на 30. јуни 2024 година по што 38-годишникот ќе биде слободен да ја бира новата дестинација. И покрај тоа што легендата на „кралскиот клуб“ на маса има богати понуди од Саудиска Арабија и Соединетите американски држави на самиот крај на кариерата тој ќе го продолжи договорот со шпанскиот клуб, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.

Желбата на Модриќ да остане дел од Реал Мадрид ќе ја испочитува и раководството на клубот кое ќе му понуди нов едногодишен договор. Во новата сезона тој се очекува да заработува помала сума на пари, но тоа не претставува проблем за балканецот кој докажа дека лојалноста му е на прво место за разлика од некои други славни фудбалери кои се одлучија да ги прифатат богатите понуди од непопуларните првенства.

Лука Модриќ е дел од Реал Мадрид од 2012 година. Досега настапи на повеќе од 530 натпревари и освои се што можеше да се освои. Оваа сезона стана и најтрофејниот фудбалер во историјта на славниот шпански клуб освојувајќи ја титулата во Ла Лига, а може да се израдува и на трофејот во Лигата на Шампионите со оглед на тоа што Реал Мадрид е во големото финале каде за противник ќе ја има Борусија Дортмунд.

Се вчитува...