Го остави зад себе и Малдини: Родри стана светски рекордер

Манчестер Сити ја заврши сезоната со уште една победа, овој пат од 3-1 над Вест Хем Јунајтед. Овие три бода на „граѓаните“ им ја донесоа и титулта во Премиерлигата, но и нов светски рекорд за неверојатниот Родри.

Шпанецот кој и во минатото се истакна како еден од најзначајните фудбалери во тимот на Пеп Гвардиола покрај тоа што се израдува на четвртата последователна титула во силното англиско првенство ги премина и италијански легенди Паоло Малдини и Деметрио Албертини кои со 73 натпревари без пораз досега беа рекордери.

Триумфот над Вест Хем Јунајтед го одбележа 74. натпревар на Родри во низа без пораз, a пред 27-годишникот сега е нов предизвик – рекордот по бројот на натпревари без пораз во Премиерлигата.

Истиот е во сопственост на Сол Кембел кој настапувајќи за Арсенал не доживеа пораз на 56 првенствени натпревари. За надминување и на овој рекорд на Родри му се потребни седум натпревари.

Се вчитува...