Последниот натпревар од 37. коло во Серија А донесе спектакл на стадионот „Ренато Дал Ара“ каде Болоња и Јувентус ремизираа со 3-3 во фантастична средба за третата позиција на табелата.
Болоња рано поведе преку Калафиори кој стрелаше во 2. минута од средбата, а предноста на домаќините во 11. минута се искачи на 2-0. Вториот гол на Калафиори донесе и предност од 3-0 за Болоња, но промените во тимот во 70. минута не резулитраа со стабилност. Јувентус не се предаде, преку Kијеза намали на 3-1 во 76. минута, а потоа со одличниот слобоен удар на Милик и по искористената грешка од страна на Јилдис гостите изедначија на 3-3 за само две минути.
Со ова реми двата тима остануваат во борба за третата позиција на табелата со по 68 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА