Реал Мадрид веќе го заврши трансферот на Килијан Мбапе, но Флорентино Перез најверојатно нема да успее да ја исполни и втората зацртана цел на пазарот кога станува збор за „шопингот“ од Франција. Дефанзивецот Лени Јоро цела сезона беше следен од скаутите на „кралскиот клуб“, Флорентино лично разговараше со Јоро и со неговиот агент, но според последните информации овој 18-годишен суперталент сепак нема да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
„Виновници“ за тоа се челниците на ПСЖ, кои успеале да постигнат договор за да го доведат одличниот дефанзивец на „Паркот на принцовите“. Француските медиуми тврдат дека шампионот на оваа земја испратил понуда од 50 милиони евра, што била прифатена од страна на челниците на Лил.
Реал нудел 50 милиони, но повеќе од половина зависеле од различни клаузули, додека во понудата на ПСЖ оваа сума е загарантирана, поради што раководството на Лил дало зелено светло за Јоро да се пресели на „Паркот на принцовите“. Покрај тоа, ПСЖ би дал зелено светло за Лил да го добие Етиен Мбапе, кој дефинитивно летово си заминува од Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА