Захариевски: Тиквеш покажа дека е квалитетен тим, но ние дојдовме во Скопје по трофејот во Купот на Македонија

Фудбалерите на Воска спорт и Тиквеш утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се сретнат во финалето на Купот на Македонија во меч кој е со почеток во 19 часот.

Тренерот на Воска, Срѓан Захариевски на денешната официјална прес-конференција вели дека иако Тиквеш е одличен тим кој имаше историска сезона, тие се дојдени во Скопје да го освојат трофејот.

„Тиквеш има голема традиција, иако после толку години првпат кавадарчани стигнуваат до финале. За разлика од нив ние сме млад клуб кој постои неколку години, ова е прва година во Прва лига за Воска и веднаш стигнуваме до историско финале што е голем успех. Првенството го завршивме на посакувано место, па сега одиме да се надигруваме против Тиквеш во Купот на Македонија. Тие се хит во пролетниот дел од сезоната и сакам да им честитам за четвртото место на табелата кое е одлично остварување за Тиквеш. Играат добро, но сепак и ние сме во добра форма, долго време сме без пораз и дојдовме во Скопје да се надигруваме и да го освоиме Купот на Македонија. Еднаш бев учесник во финале како тренер на Металург и загубивме од Работнички. Се надевам дека сега со Воска Спорт ќе бидеме поуспешни и дека ќе ги оствариме нашите цели“, изјави Захариевски. 

Се вчитува...