Фудбалерите на Тиквеш и Воска утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се сретнат во финалето на Купот на Македонија во меч кој е со почеток во 19 часот.
Тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов на денешната официјална прес-конференција вели дека ова ќе биде историско финале и дека не сака да бидат скромни бидејќи сакаат да стигнат до трофејот.
„Ова е историско финале. Тиквеш е клуб со голема традиција, но прв пат сме на ова ниво. Да не бидеме скромни, сакаме да победиме, без разлика дали тоа ќе биде по 90 минути игра, по 120 минути или на пенали. Воска е противник кој заслужува респект, но ние дојдовме по трофејот“, изјави Мојсов, и дополнува:
„Верувам дека моите фудбалери ќе бидат максимално мотивирани и дека ќе ја заокружиме оваа сезона на најдобар можен начин. Победникот може да го реши еден момент, грешка или инспирација на одреден фудбалер“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА