Иако веќе долго време се шпекулира за иднината на најдобриот македонски голман Столе Димитриевски, веројатно сите дилеми се разрешени и тој кариерата ќе ја продолжи во Валенсија.
Оваа информација прв ја објави експертот за трансфери во европскиот фудбал Фабрицио Романо. Италијанскиот новинар објави дека Македонецот ќе потпише договор со Валенсија до 2028 година.
Димитриевски во Валенсија ќе дојде на место на Грузиецот, Ѓорѓи Мармадишвили кој кариерата ќе ја продолжи во Њукасл или Атлетико Мадрид. Димитриевски кариерата ја почна во Работнички во 2010 година, а во 2012 премина во Гранада. Една сезона беше на позајмица во Кадиз, а во 2019 стана дел од Гимнастик. Дресот на Рајо Валјекано го носи од 2018 година.
🚨🦇 Stole Dimitrievski to Valencia, here we go! The Macedonian GK has signed four year deal, valid until June 2028.
Mamardashvili, expected to leave with several clubs interested including Newcastle and Atlético Madrid. pic.twitter.com/VxYV7X9GlO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА