Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња вели дека се уште нема никаква идеја што ќе се случува со неговата кариера во иднина.
Тој го завршува договорот со „кралевите“, па прашање е дали ќе остане во Мадрид, наспроти отворениот интерес за него од страна на Панатинаикос и Партизан.
„Немам никаква е..на идеја. Флорентино Перез ми се заканува секогаш кога ќе ме види во клубот дека мора да останам тука. Се надевам дека ќе биде така. Сите работиме на тоа да биде така“ – вели Хрватот.
Хезоња сезонава на 36 натпревари во Евролигата бележеше просечно 13,7 поени и 4,4 скока. Од петок го чека Ф4 турнирот во Евролигата. Во полуфиналето во Берлин играат против Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА