Партизан до јули ќе чека одговор дали ќе игра Евролига следната сезона

Партизан ќе мора да чека до почетокот на јули, за кога е закажан состанокот на бордот на Евролигата, да добие одговор дали ќе игра во најквалитетното европско клупско натпреварување и следната сезона.

Екипата на Жељко Обрадовиќ тогаш и дефинитивно ќе дознае дали ќе биде дел од Евролигата, или ќе учествува во Еврокупот.

Самиот Обрадовиќ, пак, по поразот во финалето од АБА лигата од Црвена Звезда истакна дека е сигурен дека црно-белите ќе добијат специјална покана за елитното натпреварување и следната сезона, затоа што изминативе две сезони покажаа дека таму им е местото.

Партизан беше убедливо најгледан тим изминатава сезона во Евролигата, со најдобрата навивачка атмосфера во Европа, за што постојано беше истакнуван и од самата Евролига.

Се вчитува...