Раководството на Севилја доставило понуда до искусниот Маурицио Сари да ја презеде екипата. Понудата била Сари да го води тимот од Андалузија во следните три години.
Сари е без ангажман откако се раздели од Челси, а во минатото работеше во Јувентус, Наполи и Челси. Италијанскиот стручњак е подготвен да го прифати предизвикот, но бара да го креира и целиот стручен штаб, како и тимот да се засили со играчите кои тој ќе ги одбере.
Севилја се подготвува за ремонт во тимот, со оглед дека заврши со искусниот Хесус Навас, а се очекува од клубот да замине и Серхио Рамос. Минатата година си замина и Иван Ракитиќ, па за очекување е од идната сезона екипата да има сосема нов тим за да се врати на старите патеки, кога тимот редеше успеси во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

