Манчестер Сити ја разгледува можноста да го продаде голманот Едерсон, поради неговото однесување на мечот со Тотенхем во Лондон, кога влезе во вербална расправија со тренерот Пеп Гвардиола, а потоа нервозно реагираше поради тоа што беше заменет.
Бразилецот се правдаше дека така реагирал поради тешката повреда, но јасно беше дека е незадоволен од измената. Гвардиола после мечот кажа дека го сменил на барање на лекарите, откако заработи удар од противничкиот фудбалер Ромеро. Англиските медиуми шпекулираат дека таа случка е причината што Бразилецот би можел да го напушти англискиот првак.
Едерсон веќе седум години е дел од Манчестер Сити, со кого освои се што може да се освои. Дојде од Бенфика, а во минатото бранеше за Рио Аве. Има договор со Сити до 2026 година, но ако се добие некоја добра понуда, Сити ќе го продаде. Засега клубови од Саудиска Арабија пројавуваат интерес за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА