Ситуацијата околу иднината на Чави во Барселона не е готова, затоа што не се знае дали ќе остане на клупата на Каталонците и идната сезона. Иако првично беше објавено дека ќе остане во Барса уште една сезона, сепак, после една негова контроверзна изјава, иднината му „виси“ на конец.
Се шпекулира дека ќе добие отказ поради тоа што кажа дека клубот е во криза, и дека Барселона не може да донесе квалитетни засилувања поради финансиски проблеми.
Лапорта наводно веќе му нашол и замена. Станува збор за сегашниот тренер на Болоња, Тиаго Мота кој во минатото беше дел од Барселона како играч. Меѓутоа Каталонците имаат сериозна конкуренција во Јувентус. Италијанските медиуми пишуваат дека Мота веќе бил договорен со „бјанконерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

