Ханси Флик го одбил Челси, сака да биде тренер само на еден клуб

Германскиот стручњак Ханси Флик ја одбил понудата да го преземе Челси, бидејќи очекува да стане тренер на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Челси одлучи да го отпушти менаџерот Маурисио Покетино. Лондонскиот клуб е во потрага по нов менаџер, а Флик наводно бил нивниот прв избор.

Моментално тој е без ангажман, а своевремено ги тренираше Хофенхајм, Баерн и германската репрезентација. „Мундо депортиво“ пренесува дека Флик ја одбил понудата од раководството на Челси, бидејќи германскиот стручњак очекува понуда од Барселона. Тој очекува претседателот на Барселона, Жоан Лапорта да го замени тренерот на каталонскиот клуб Чави Хернандез. Лапорта во понеделник треба да одржи состанок со Чави на кој ќе се одлучи кој ќе ја води Барселона следната сезона.

Шпанските медиуми тврдат дека доколку Чави добие отказ, Флик најверојатно ќе биде нов тренер на каталонскиот клуб.

Се вчитува...