Македонскиот олимписки комитет ја оддржа финалната конференција од проектот СВОЛ (Жени Лидерки во Спортот) чија цел е промовираат еднакви можности и пристап на жени до раководни позиции во спортскиот сектор.
Двогодишниот проект кој беше координиран од одделот на Францускиот Олимписки Комитет со партнерство од Италија, Македонија и Португалија, разви таканарачена Европска Ознака за родова еднаквост наменета за спортски клубови кои претендираат да ги подобрат внатрешните родово-еднакви политики.
Од МОК велат дека ги охрабруваат спортските клубови од Македонија да ја потпишат Декларацијата за родова еднаквост и да пристапат кон самоевалуација во шест области на родова еднаквост, со што ќе го утврдат степенот на интегрираност на родова еднаквост во своите структури и политики.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА