Две операции во Њујорк никс, проблем и за Хрватска

Најдобриот кошаркар на Њујорк Никс, Џејлен Брансон предвреме го заврши седмиот натпревар од полуфиналната серија во Источната конференција на НБА лигата против Индијана поради скршеница на левата рака.

Бекот при обид да ја исфрли топката од раката на Халибартон при положување удри во коленото на сонародникот поради што мораше предвреме да го заврши настапот во разигрувањето за титула.

Неколку денови подоцна од тимот на Њујорк Никс информираат дека нивниот кошаркар е успешно опериран и ќе одмара во следните шест до осум недели по што ќе помине низ нови медицински прегледи кои ќе утврдат дали ја надминал повредата или му е потребно подолго време за рехабилитација.

Покрај Брансон, хируршки зафат беше извршен и врз хрватскиот ветеран Бојан Богдановиќ. Крилниот играч веќе подолго време влечеше незгодна повреда на зглобот на раката, а по извршената операција ќе следи пауза од околу два месеца. Ова е сериозен проблем и за Хрватска ако се знае дека „коцкестите“ се надеваа дека Богдановиќ ќе може да помогне во олимписките квалификации, за кои сега е јасно дека нема да може да настапи.

Се вчитува...