Искусниот унгарски репрезентативец Адам Ханга кој ја засили Црвена Звезда на почетокот на сезоната како значајен дел од тимот не можеше да му помогне на белградскиот гигант во разигрувањето за титула во АБА лигата поради повреда.
Овој 35-годишник заработи повреда на лактот поради што нема да биде дел од „црвено-белиот“ табор до крајот на сезоната, но очекувањата се дека ќе остане дел од тимот и за предизвиците кои следат идната сезона.
Ханга има опција да го продолжи договорот со Црвена Звезда на уште една сезона и воопшто не ја крие желбата дека сака да остане во Белград.
„Засега ништо не е сигурно, но јас сум татко на три деца и мојата примарна цел е да останам во Белград. Поради моето семејство не можам да преминувам во нов евролигашки тим секоја година. Би потпишал на уште две години бидејќи сметам дека можам да продолжам да играм на највисоко ниво“, откри Ханга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА