Легендарниот Бразилец и во петтата деценија од животот не размислува за пензија

Легендата на бразилската кошарка, Марселињо Хуертас за три дена ќе наполни 41 година, а и покрај тоа не размислува за пензионирање. Во разговор за шпанските медиуми тој откри дека го продолжил договорот со Тенерифе на најмалку уште една сезона.

Поранешниот ас на Хувентуд, Билбао, Болоња и Басконија кој се „проба“ и во НБА лигата настапувајќи за ЛА Лејкерс сезонава беше лидер на Тенерифе со 16.4 поени и 7.9 асистенции во ФИБА Лигата на Шампиони, освојувајќи го признанието за најкорисен играч на регуларниот дел од сезоната и Ф4 турнирот на кој неговиот тим беше поразен во големото финале.

„Имам илузија дека уште можам да играм. Клубот и јас веќе постигнавме договор за следната сезона и нема дилема дека останувам. Сакам да продолжам да играм. Се чувствувам одлично и мислам дека го покажувам тоа. Не сум ист од пред 10 години, но во главата знам како да го изменаџирам моето тело“, изјави Хуерстас.

Се вчитува...