Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини организираше заедничка средба меѓу финалистите во Купот на Македонија пред големото финале во најмасовното домашно клупско натпреварување кое денеска се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Сејдини наметна убава традиција која треба дополнително да претставува зближување меѓу клубовите.
Тиквеш и Воска Спорт од 19 часот го играат финалето во Купот на Македонија кое треба да го одреди и патникот од Македонија во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА