Џанпјеро Гасперини испиша историја со Аталанта носејќи го првиот европски трофеј во Бергамо, но искусниот стратег би можел веднаш потоа и да си замине од кормилото на овој клуб.
Наполи веќе подолго време го следи Гасперини, токму овој стратег важи за „прв пик“ на претседателот Де Лаурентис, а тренерот на Аталанта на прес-конференцијата веднаш по освојувањето на пехарот најави дека лесно може да се случи да ја напушти оваа екипа.
„Вечерва ќе славиме. Утре ќе разговарам со претседателот и ќе видиме што ќе се случи. Ова е чудна ситуација за мене. Тоа е како кога имаш сопруга и деца, а потоа ќе запознаеш неверојатно убава жена по која ќе полеташ. Можеби и не е најдобар пример што можам да го дадам пред камери… ќе видиме што ќе се случи“, низ насмевка коментираше пресреќниот Гасперини.
Овој 66-годишен стратег се наоѓа на чело на Аталанта уште од летото 2016 година, а во тренерската кариера уште ги има водено и Кротоне, Џенова, Интер и Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА