Неверојатен расплет не очекува пред „распределбата на визи“ за учество во групната фаза од Лигата на шампионите следната сезона во Серија А. Аталанта ја освои Лигата на Европа со победата против Леверкузен во Даблин, благодарение на хет-трикот на Лукман со 3-0.
Имено, Аталанта ја обезбеди елитата во сезоната 2024/25 во претходното коло од Серија А, кога го обезбеди петтото место, со победата над Лече на гости (2-0). Екипата од Бергамо има три бода повеќе и подобар учинок во меѓусебните дуели против шестопласираната Рома, која има само уште еден натпревар.
Да потсетиме, претходно Италија имаше право на дополнителен петти учесник, заедно со Германија, по најдобриот коефициент во тековната сезона. Со тоа Аталанта е сигурна со оглед дека Серија А ќе ја заврши на петтото место. Останува отворено прашањето дали местото кое му припаѓа на победникот во Лигата на Европа, а со оглед дека тоа е Аталанта, ќе биде префрлено на шестопласираната екипа од Серија А или на тимот со најдобар коефициент меѓу екипите кои треба да играат квалификациите следната сезона, која моментално е Португалија Бенфика.
Има две сценарија. Прво, доколку Аталанта биде петта во Серија А, во Лигата на шампионите ќе оди и шестопласираната италијанска екипа Рома. Второ, ако Аталанта биде трета или четврта во Серија А, Бенфика оди во ЛШ.
На Аталанта и остануваат уште два натпревари во Серија А. Најпрвин во недела во славеничка атмосфера против Торино на домашен терен, а потоа заостанатиот меч од 29. коло против Фиорентина, исто така во Бергамо.
Ситуацијата е сосема апсурдна за италијанскиот фудбал, на Аталанта и се исплати да загуби и да остане петта, за во сезоната 2024/25 да има дури шест екипи во Лигата на шампионите. Останува да видиме дали од Аталанта ќе бидат фер или ќе ја „бутнат“ Рома и во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА