Сегашниот кошаркар на Панатинаикос, Костас Слукас, кој остави траен белег играјќи и за Олимпијакос заедно со Перо Антиќ, во интервју пред Ф4 во Евролигата во Берлин, предизвика бура во јавноста, откако кажа дека „тимот на Панатинаикос во 2009 година е најдобар на сите времиња“.
Ова предизвика лавина реакции, особено кај навивачите на Олимпијакос, а се огласи и неговиот поранешен соиграч Перо Антиќ кој му испрати порака на социјалните мрежи.
„Малака, разбуди се. Па ти си играл во многу подобри екипи“, му напиша Антиќ на Слукас.
Панатинаикос вечерва во Берлин го стартува Ф4 против екс тимот на Слукас и на Антиќ, Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА