Англиските медиуми пренесуваат потенцијално шокантна вест. Европското фудбалско првенство започнува на 14. јуни, а проблемот поврзан со ВАР технологијата се уште не е законски решен.
Последица може да биде што ќе ја немаме помошта од „видео судијата“ кога е во прашање одредувањето офсајд на континенталниот собир. Како што пренесува Телеграф, станува збор за правен спор. Технолошката компанија од Холандија по име „Болино“ го обвини германскиот „Кинесон“ дека ја користи нивната технологија без потребното одобрение.
„Болино“ во тужбата наведува дека добила патент за „метод и систем на откривање офсајд“ уште во 2011 година. Судењето треба да започне во Хамбург, а како што пренесува „Дејли меил“, оваа правна ситуација не треба да влијае на финалето од Лигата на шампионите кое се игра на 1. јуни.
Сепак, се пренесува изјава од извор од УЕФА, во која се вели дека „УЕФА не е особено загрижена“ поради ова сценарио и потенцијалното губење на ВАР технологијата за донесување одлуки за офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА