Баер Леверкузен ја заокружи историската сезона во германскиот фудбал со двојна круна, откако на веќе освоената титула „фармацевтите“ вечерва се надоврзаа со кревање на куп-трофејот, откако во финалето го совладаа Кајзерслаутерн со 1-0.
Голот на Гранит Џака по нецели 20 минути игра се покажа доволен за победа и кревање на пехарот во таборот на „фармацевтите“, во чии редови беше забележлива и мала несигурност по поразот од Аталанта во финалето од Лигата на Европа.
Тимот на Чаби Алонсо имаше повеќе од поседот на топката, делуваше дека целосно го контролира мечот, но во 44. минута остана со играч помалку по заслужениот црвен картон на Косуну. Дури и со десетмина фудбалери Баер го контролираше мечот, не искористи неколку шанси за втор гол, но сепак стори доволно за да ја освои двојната круна во германскиот фудбал.
Евроголот на Џака за освојување на новиот трофеј на четата на Чаби Алонсо можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА