Кајзерслаутерн по голема борба го загуби финалето од Купот на Германија од Баер Леверкузен со 0-1, но навивачите на второлигашот ги собраа комплиментите на европската фудбалска јавност за неверојатната кореографија што ја истакнаа пред почетокот на финалната битка.
Тимот го има прекарот „црвени ѓаволи“, па во тој правец беше и кореографијата, со „котел“ со логовци од сите екипи кои беа елиминирани на патот до големото финале.
Ѓаволот во другата рака го држеше пехарот, фудбалерите не успеаја да ја исполнат таа желба на верните навивачи, но шоуто на трибините останува нешто за што ќе се говори со години, што не е мала работа за клуб како Кајзерслаутерн кој со години е дел од Втората лига, и тоа без реални шанси за камбек во елитното германско фудбалско друштво.
Kaiserslautern-fans met een fantastische sfeeractie in Berlijn. #FCKB04 #DFBPokal
🎥: @archiert1 pic.twitter.com/GObS7e3acF
— Bananenflanke (@Bundesliga81) May 25, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА