Леонардо Бонучи е најновиот од низата фудбалери од светска класа кои летово заминуваат во пензија, откако италијанскиот ветеран објави дека денешниот дуел на Фенербахче против Истанбулспор ќе биде последен за неговата фантастична кариера.
Бонучи најдобрите моменти во кариерата ги мина во дресот на Јувентус, минатото лето тој се пресели во Унион Берлин, но не доби премногу шанси за настап, па во јануари реши да го засили Фенербахче. Искусниот 37-годишен дефанзивец не беше најстандарден ниту во турскиот фудбалски гигант, по што реши да стави крај на кариерата.
„Беше задоволство да се биде дел од ова прекрасно семејство. Секогаш се обидував да го дадам максимумот, на теренот и надвор од него“, објави Бонучи.
Легендарниот дефанзивец беше дел и од шампионската генерација на Италија од ЕВРО 2020, собирајќи во кариерата вкупно 121 настап во националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА