Окткоа не успеа да влезе во финалето на Евролигата, и го освои само третото место, Олимпијакос има сериозни намери во иднина да тргне по стапките на својот ривал Панатинаикос, кој вчера успеа да го освои драгоцениот трофеј.
Така Олимпијакос веќе го пикираше првото летно засилување за понатамошни успеси во Евролигата. Станува збор за екс кошаркарот на овој тим, Тајлер Дорси, кој во моментов игра за Фенербахче
Дорси кој и9гра на позицијата бек, беше дел од Олимпијакос во сезоната 2021/22, кога со овој тим го освои грчкиот шампионат. Во минатото играше и за Макаби Тел Авив, а има и НБА искуство со играње во Далас, Мемфис и Атланта. Дорси е роден во Пасадена, САД, но настапува за селекцијата на Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА