Панатинаикос по децениска пауза успеа одново да се искачи на тронот на европската кошарка славејќи во големото финале на Евролигата над Реал Мадрид во натпревар во кој шпанскиот тим рано поведе двоцифрено, но продолжението од средбата беше во потполна контрола на Грците предводени од своите најверни навивачи кои го „окупираа“ Берлин.
По лудото славје на улиците на Атина изминатата вечер, забавата продолжи и денеска. На стотиците илјади фанови им се приклучија и кошаркарите и стручниот штаб на Панатинаикос кои со отворен автобус кружат низ главниот град на Грција.
А, пак на него шоуто го украде Матијас Лесор кој славеше во стилот на турскиот стартег Ергин Атаман кревајќи ги рацете во вис алудирајќи на освоената титула па и со мотор се прошета меѓу фановите во зелено.
Mathias Lessort and Juancho Hernangomez recreating Ergin Ataman’s iconic celebration is GOLD 😆✊
— BasketNews (@BasketNews_com) May 27, 2024
Mathias Lessort making his way through the GREEN sea with…a motorcycle 😅🏍️
— BasketNews (@BasketNews_com) May 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА