Осасуна има нов тренер

Шпанскиот фудбалски стручњак Висенте Морено е назначен за нов тренер на Осасуна, соопштија од клубот од Памплона.

Морено на клупата на Осасуна го замени Јагоба Арасате, кој најверојатно ќе ја преземе Мајорка. Арасате беше тренер на Осасуна од 2018 година.

Осасуна ја заврши сезоната на 11. место на табелата во Ла Лига со 45 бодови. Морено претходно беше тренер на Алмерија, Ал Шабаб, Еспањол, Мајорка, Ксерез и Гимнастик.

Се вчитува...