Трикратниот МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ би можел да стане првиот играч во историјата, кој од својот клуб Денвер Нагетс ќе добие супер максимален договор вреден над 400 милиони долари.
Најсилната кошаркарска лига планира да ги зголеми буџетите за плати на клубовите, бидејќи во наредниот период ќе потпишат договори со медиумски компании во вредност од над седум милијарди долари.
Тимовите треба да можат да потрошат 200 милиони долари за плата во следните пет години, така што најдобриот играч ќе може да добие проектирани 35 отсто од буџетот или 72 милиони долари во првата сезона од договорот. Во последната петта година од договорот, таа бројка би достигнала неверојатни 95 милиони долари.
Веќе е јасно дека Јокиќ би можел да стане првиот што ќе ја пробие магичната граница од 400 милиони. Тој е под договор со Денвер до 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

