Од утре се приклучуваат Димитриевски, Трајковски, Атанасов и Зајков…, Димовски доаѓа директно во Ријека

Македонската А репрезентација продолжува со подготовките за пријателските натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове), одржувајќи го денешниот утрински тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Селекторот Боби Милевски се уште работи во некомплетен состав. Познато е дека селекцијата ќе биде ослабена со неиграњето на капитенот Енис Барди кој отпадна поради повреда. Од утре на тренинзите треба да се приклучат Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Александар Трајковски и Јани Атанасов.

Бојан Димоски со својот клуб Акрон Тољати на 1. јуни игра плеј-оф натпревар за влез во Првата руска лига и ќе им се приклучи на репрезентативните колеги на директно во Ријека на собирот во Хрватска.

Се вчитува...