Македонската репрезентација активно ги продолжува, иако во некомплетен состав, подготовките за двата пријателски натпревари против Хрватска и против Чешка кои не очекуваат на почетокот од следниот месец.
Репрезентативниот голман, Дејан Илиев вели дека сите во националниот табор се оптимисти во пресрет на натпреварот најпрво против Хрватска, иако не очекува дуел против голем фаворит.
„Оптимисти сме, иако се работи за сосема други репрезентации во однос на последните кои ги одигравме. Хрватска е многу квалитетна репрезентација, се подготвуваат за настап на Европското првенство, но наша обврска е да го дадеме најдоброто од себе и да веруваме во позитивен резултат. Треба да бидеме претпазливи, грешки на вакви натпревари можат многу да не чинат“ – вели Дени Илиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА