Младинскиот репрезентативец на Македонија, Резарт Мемеди останува во косовската кошаркарска Суперлига, но кариерата ја продолжува во тимот на Бора, каде е официјализран како прво засилување за новата сезона.
„Со задоволство ја прифатив понудата на Бора да се приклучам на амбициозниот клуб кој има максимално сериозни планови за новата сезона. Мојата работа да го дадам најдоброто за клубот, со нетрпение го очекувам почетокот на новата сезона. Верувам дека со посветеноста и професионалноста на соиграчите и раководниот штаб ќе ги остварима нашите цели“ – вели Резарт Мемеди по потпишувањето договор со новиот клуб.
21-годишниот кошаркар потекнува од школата на Шкупи. Македонската кошаркарска јавност го памети Мемеди и како вториот најмлад кошаркар кој заиграл во Првата македонска кошаркарска лига. Во 2017 година со само 13 години дебитираше за Шкупи во најсилната лига на Македонија. Понатака во својата кариера настапуваше и за екпите на Сигал Приштина и Аурора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА