Младост 96 и Крива Паланка во финалето на пингпонгарскиот плеј-оф, Ристески настапи на Европското пионерско првенство (ФОТО)

Првите две екипи од табелата во македонското пингпонг првенство ги победија своите полуфинални противници и се изборија за финале во плејофот.

Младост 96 ги победи Младост со 2-1 додека Крива Паланка ги победи Телеком Нец 2 со 2-0. Финалето е закажано да се игра на 9. јуни во Прилеп.

Во баражот за влез/опстанок во Суперлига играа Вардар од Скопје и Борец Тим од Велес. Вардар со победа од 4-2 успеа да го задржи местото во Суперлигата и следната сезона.

 

Во меѓувреме започнуваат настапите на нашите млади репрезентативци на меѓународните натревари. На Европското првенство до 13 години што се одржа во Букурешт, Романија од 22. до 26. мај, настапи најдобриот млад кадет за оваа година Мартин Ристески од ППК Младост 96, Прилеп. Иако покажа добра игра за жал не успеа да ја помине групата.

 

Се вчитува...