Под мистериозни околности во Џенова во 27-та година од животот загина литванскиот кошаркар Ауримас Кибас.
Според информациите од полицијата, тој во нејасни околности паднал од врвот на зграда висока 20 метри. Кибас во Италија бил на посета на својот добар пријател, кошаркарот Римантас Даунис кој игра за Сестри, а ноќ пред да се случи оваа трагедија минале заедно во ноќен клуб.
Очевидци потврдија дека и двајцата биле под дејство на опијати, при што во еден момент избила и физичка пресметка меѓу двајцата по која Кибас исчезнал. Потоа го пронашле паднат од врвот на зграда. Полицијата не ја исклучува и можноста за самоубиство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

