Карло Анчелоти, некако неочекувано, зборувајќи пред медиумите во очекување на финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, најави пензија по крајот на сезоната.
Анчелоти истакна дека воопшто после Реал Мадрид не планира преземање на клуб или репрезентација, но сака и тоа како со „кралевите“ да дојде до уште една титула.
„Ќе се збогувам од фудбалот како тренер на Реал Мадрид. Но, најпрво сакам да освојам уште една титула во Лигата на шампионите“ – истакна јасно Анчелоти.
Притоа, не сакајќи да ги коментира новонајавените засилување на Реал Мадрид.
„Килијан Мбапе? Ги коментирам само играчите кои се мои, а тие и тоа како се добри играчи. Винисиус од ден на ден е се подобар, Џуд Белингам веднаш разбра што значи да се игра за Реал. Затоа се толку вредни за тимот“ – рече Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА