Димитријевиќ и Уникс се подалеку од одбрана на титулата во ВТБ Лигата

Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан се далеку од титулата во Русија, откако денеска ЦСКА го доби и вториот меч со 83-94, и со тоа направи и втор „брејк“ на теренот на противникот, поведувајќи со 2-0 во серијата во битката за шампионската титула.

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ во минати 32:42 минути на паркетот, го заврши со 18 поени, односно имаше 2/3 шут за 2 поени, 2/4 за тројка, и 8/8 за слободни фрлања.

Сепак, тој не беше најефикасен во својот тим, туку Најт со 22 поени.

Третиот меч, кој е одлучувачки дали Уникс ќе се врати во игра се игра во петок во 19 часот.

Се вчитува...