Ѓоковиќ го „збриша“ ривалот на стартот на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ лесно со 3:0 (6:4, 7:6, 6:4) го совлада Французинот Пјер Уго Хербер во првото коло на Ролан Гарос. Сигурна игра на првиот светски рекет на стартот на вториот Грен слем сезонава, па ако „денот по утрото се познава“, тогаш го очекува успешен турнир. 

Првиот сет на Новак беше речиси без грешка, но Србинот имаше големи проблеми во вториот, затоа што ривалот се покажа како цврст орев. Се мачеше Ѓоковиќ, но на крајот преку тај-брејк сигурно стигна во 2-0. 

Во третиот сет се играше поен за поен на свој сервис, а потоа во последниот Ѓоковиќ успеа да дојде до брејк и да го „збрише“ противникот со 3-0.

Во следното коло Ѓоковиќ го чека дуел со шпанскиот тенисер Роберто Карбалјес Баена.

Се вчитува...