Авионот кој ги превезувал фудбалерите на Кадиз за Ел Салвадор, каде екипата требало да одигра пријателски меч, морал принудно да слета поради ненадеен дефект на моторот.
Фудбалерите требало да одиграат уште еден „тест“ пред да заминат на одмор, но моторот на авионот имал проблем, по што леталото морало итно да се приземји.
Откако заврши непријатното искуство, претседателот на клубот Мануел Вискаино проговори за случувањата на летот.
„Сите го почувствувавме тој дефект на моторот, но никој од нас не е пилот за да знае што точно се случува. Тоа беа моменти на неизвесност и страв. Веднаш по слетувањето, од компанијата задолжена за патот ни рекоа дека нема итно решение, што има смисла. Играчите беа во шок и секако беше невозможно да им се каже дека ќе патуваме. И покрај се, веќе размислуваме кога ќе патуваме за Ел Салвадор“, изјави Вискаино.
Еден од фудбалерите го снимал целиот момент.
¡MOMENTO DE TENSIÓN! 😱 Conan Ledesma, jugador del Cádiz, compartió un vídeo del momento en el que el avión con rumbo a El Salvador sufrió desperfectos mecánicos.✈️ pic.twitter.com/8jjJ62aHU5
— Canal 4. (@Canal4TCS) May 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА